Најскапиот стан во светот не е ниту во Европа, ниту во САД
Недвижностите во Хонг Конг се меѓу најскапите во светот, а официјално и најскапиот стан на планетата Земја е продаден токму во овој град.
Два стана во луксузниот кварт Пик овој месец се продадени за 146 милиони долари, а беа купени од истиот човек.
Неидентификуваниот купувач платил 76,8 милиони долари за стан од 420 квадратни метри и 71,7 милиони долари за стан од 400 квадратни метри.
Хонг Конг е дефинитивно град на контрасти. Додека е град со најскапи недвижности во светот, истовремено е и град во кој луѓето живеат на најмалку квадратни метри во светот, така што просечната големина на стан е само 13 квадрати.
Истиот ден, кога во Кина одекна веста за најскапата недвижност во светот, Владата објави дека примила барања од 88.000 семејства кои се борат за 620 поволни субвенционирани домови во кои би можеле да имаат повеќе простор.
Инаку, Хонг Конг е втор „најбогат" град во светот со најмногу фискални резерви во светот.
Ново на Сител
-
Составот на новата влада на Мицкоски пред финален договор
-
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
-
Неделава Србија повторно оди на избори-за град Белград и на локални избори
-
Визер скратува летови од Скопје, компанијата се соочува со 40 приземјени авиони
-
Разрешен директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија
-
Демири: Хируршките сали се стари, Клинички ќе користи надворешни компресори додека не стигнат испитувањата
-
Пронајдени две неексплодирани гранати во Скопје
-
Тешка сообраќајка во Куманово: Две лица загинаа