Најсериозниот кандидат за вакцината против коронавирусот не ги заштитил мајмуните

Кандидатот за вакцина против коронавирусот од Универзитетот во Оксфорд не го запира вирусот во мајмуните и можно е тој да е само делумно ефикасен, предупредуваат експертите.
Тестирањето на мајмуните не го запрело ширењето на вирусот меѓу животните и предизвикало сомнежи за неговата ефикасност кај луѓето и понатамошниот напредок во истражувањето.
Кандидатот за вакцина во моментов исто така се тестира и врз луѓе во Велика Британија. Владата веќе договори производство на повеќе од 30 милиони дози ако тестирањата се успешни, а во истражувањето се инвестирани повеќе од 50 милиони фунти.
– Сите мајмуни што ја примија вакцината во Оксфорд се заразија. Немаше разлика во состојбата на вакцинираните и невакцинираните мајмуни, сите беа заразени, напиша доктор Вилијам Хеселтин, поранешен професор на Харвард.
Џонатан Бал, професор по молекуларна вирологија на Универзитетот во Нотингем, вели дека ваквите податоци сугерираат дека кандидатот за вакцината во Оксфорд не може да го спречи ширење на вирусот.
– Тоа што немаше разлика во состојбата меѓу вакцинираните и невакцинираните мајмуни е многу значајно. Ако истото се случи и со луѓето, вакцината нема да го спречи ширењето на заразата. Верувам дека ова откритие бара преиспитување на тестирањето на истата вакцина врз луѓе, рече тој.
Досега, секоја фаза од истражување за оваа вакцина беше успешна и најавено е евентуално пласирање на пазарот уште оваа есен, ако се оди добро. Вакцината во Оксфорд имаше статус на најсериозен кандидат за борба против коронавирусот, но експертите се согласуваат дека ова е секако чекор назад.
Ново на Сител
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
