Најпродавани наслови на електронската книжарница КупиКнига.мк
Електронската книжарница во Македонија КупиКнига.мк ги објави најпродаваните книги во Македонија во изминатите пет години откога постои. Според нивната листа, на прво место е дебитантското дело на македонскиот автор Коста Петров - „Се гледаме на врвот “.
Следни на листата најпродавани се: „Ангелски повик“ од Гијом Мисо; „Тајната на сопругот“ од Лиен Мориарти; „Во врска со онаа ноќ“ од Џули Џејмс; „Ако не постои утре“ од Гијом Мисо, „Скриена во најмрачниот агол“ од Елизабет Хејнс; „Исчезната без трага“ од Шеви Стивенс; „Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи и „Т.е. љ.у.б.а.м. - тоа е вистината“ од Александар Алексов.
По повод петтиот роденден, кој се совпаѓа со Саемот на книга, КупиКнига.мк им овозможува на читателите за сите нарачки над 990 денари да добијат бесплатна испорака во Македонија.
- Сите оние што не се во можност да го посетат саемот на книга ќе може да ги нарачаат омилените книги преку нашата веб–книжарница купикнига.мк и да ги добијат на наведената адреса во земјава и странство, изјави Елена Темелковска, продукт-менаџер на КупиКнига.мк.
КупиКнига.мк е прв македонски портал за електронска трговија со книги кој е, всушност, агрегатор на понудата од скоро сите издавачки куќи во Македонија и регионот. Во понудата на КупиКнига се над 50.000 наслови од сите жанрови на неколку јазици. Нарачките се прават по електронски пат и се испорачуваат во цел свет.
Ново на Сител
-
Прв лет Амстердам - Скопје по 12 години
-
Почнува Велигденскиот пост
-
Владина делегација предводена од премиерот Мицкоски на унгарско-македонски владин самит во Унгарија
-
ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра
-
САД ги суспендираат кибер операциите против Русија како дел од напорите за подобрување на односите
-
Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО
-
Брнабиќ: Нема да има контрамитинг во Белград на 15 март
-
Сончево со ниски утрински температури