Живот
13. јуни 2017 - 15:40

Најпознатата свингерска плажа во региoнот: Секс и оргии сред бел ден

Далеку од очите на јавноста, зад густа борова шума во непосредна близина на еден од најубавите градови на хрватскиот бред, Ровињ, се наоѓа плажата која до сега предизвика многу контроверзии во јавноста. И покрај тоа и понатаму таа и понатаму привлекува група на туристи. Се што ви треба за оваа плажа е пешкир и заштита, притоа не се мисли на крема за сончање.

И додека Хрватска на картата на Европа е високо позиционирана како секс-туристичка дестинација, се уште малку се зборува за тоа. Свингерите не се разликуваат од другите туристи кои ги трошат своите пари по ресторани, клубови, сувенири, единствено еден дел од денот акаат да го искористат на малку поразличен начин. Хрватскиот брег е вистински рај за свингериот со слободен ум и раширен поглед, но и останати заљубеници во сексуалната слобода. Многу скриени заливи, се идеални места кои ги користат како за одмор така и за животот кој им е привлечен.

Меѓу многуте плажи посебно се издвојува една која пред некоклу години предизвика контроверзии во јавноста. Карпите кои во близина на Ровињ го формираат Ртот Пунта Крижа, долги години се место на злосторството за сите вљубеници во свингерството и оние кои својот одмор сакаат да го зачинат со слободно однесување. 

И покрај повеќејазичните плочи кои ги поставиле градските власти во Ровињ, со натписи "Внимание! Ова е јавна плажа. Забрането е секое однесување кое може да го повреди моралното чувство на граѓаните, сексуален егзибиционизам..." и воведувањето на редарски служби, плажата Пунта Крижа и натаму важи за вистински мал свингерски рај кој се истакнува на сите форуми и страни наменети за оваа група туристи. 

Плажата до која се доаѓа преку борова шума настанала пред некои 20-тина години, кога луѓето барале спас од градската врева и преполните плажи, а се со цел да можат да уживаат во водење љубов.  
Тука нема згрозување, чудни погледи или навреди. Само слободоумие и забава. Плажата ја одликуваат камени плочи, иако можеби ќе било подобро да биде песочна. Како и да е, ова плажа е вистинска атракција во Хрватска, пренесува телеграф.рс.