Најплатениот јутјубер во 2020 година има само 9 години

Деветгодишниот Рајан Каџи е најплатениот јутјубер трета година по ред, заработувајќи неверојатни 29,5 милиони долари.
Рајан со оваа заработка ги победи сите постари ѕвезди на оваа платформа и цврсто се задржа на позицијата најплатена ѕвезда.
Малиот Каџи на платформата Јутјуб има 27,9 милиони следбеници, а парите кои ги заработува се само капка во морето на неговото богатство.
Имено, тој има свој бренд на играчки и облека во вредност од 200 милиони долари, а неодамна потпиша договор вреден неколку милиони долари со телевизиската компанија Никелодеон, која наскоро треба да ја прикажува неговата серија.
Рајан прави рецензии на играчки на Јутјуб, а своето прво видео го направил во 2015 година откако видел врсник на Јутјуб и и се пожалил на мајка му дека и тој треба да биде на платформата како и другите деца.
Неговото семејство (кое го смени вистинското презиме Гуан во презимето на каналот – Каџи) сега има девет канали на Јутјуб. Најпопуларното видео на Каџи, „Огромниот јајце изненаден играчки предизвик“, има повеќе од две милијарди прегледи, што го прави едно од 60-те најгледани видеа на YouTube.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
