Најниски температури измерени во Лазарополе, највисоки во Гевгелија и во Дојран
Најниски температури утрово се измерени седум целзиусови степени во Лазарополе и осум на Попова Шапка, највисоки 20 во Гевгелија и во Дојран.
Во Маврови Анови и Берово девет степени, 10 Крива Паланка, 11 Крушево и Битола, 12 степени во Претор, 13 степени се измерени во Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Штип, Дебар, 14 во Тетово, Демир Капија, Струмица, Виница, Велес и 15 степени во Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци.
- Во текот на ноќта преовладуваше ведро, а утрово е сончево на места со слаб до умерен ветер од северен правец, информираа од УХМР.
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 34 степени. УВ=9
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 31 степен.
Ново на Сител
-
Трамп не губи време, почна да ги користи своите претседателски овластувања
-
Онколошки пациенти повторно останаа без биолошка терапија – повеќе пари или подобро планирање?!
-
Трговците се алчни и не ги намалија цените со „Новогодишната кошница“, кажа Трендафилов
-
Студентите на дебата: 160 денари за оброк или проширување на листата на приматели на оброк?
-
СДСМ обвинува за скандалозна тендерска постапка во СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за заштита на децата се врати во Собрание со забалешките на претседателката Сиљановска
-
Кон средината на февруари се очекува пикот на заразени со грип