Најниската температура измерена утрово - 8 степени, во текот на денот до 9 степени
Најниска темпратура утрово е измерена во Маврови Анови, Берово, Крива Паланка, Демир Капија - 8 степени, во Крушево -7, во Куманово, Штип и Скопје-Петровец - 6, во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Виница, Прилеп - 5, во Кавадарци, Битола, Охрид и Претор -4, во Велес -3, во Дојран 0 и во Гевгелија еден степен.
Најмногу снег има на Попова Шапка шест сантиметри.
Утрово е студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен до северозападен правец со брзина и над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 4 степени.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
