Најмногу фирми се трговски и од прехранбена индустрија
Минатата година во Македонија работеле 1,9 проценти повеќе деловни субјекти во споредба со 2015 година. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика во Република Македонија во 2016 година активни биле 71.519 деловни субјекти.
Зголемувањето главно се должи на поголемиот број активни деловни субјекти во секторот Преработувачка индустрија (328 субјекти), Градежништво (318 субјекти), како и во секторот Стручни, научни и технички дејности (357 субјекти).
Во 2016 година, во однос на претходната, секторот Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли бележи мало намалување (127 субјекти).
Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2016 година најмногу деловни субјекти има во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 33,2 отсто и Преработувачка индустрија 11,1 отсто.
Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 0,2 отсто и Рударство и вадење на камен 0,3 отсто.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 79,3 отсто имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) 11,3 отсто, па субјектите со 10 - 19 вработени со 4,3 отсто, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2,8 отсто, со 1,9 отсто учествуваат субјектите со 50-249 вработени и 0,3 отсто од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања