Најмногу дожд во Охрид и Дебар, врнежите продолжуваат и преку денот
Најмногу дожд наврна во Охрид и Дебар, а снежна покривка има на Попова Шапка.
Според информациите на УХМР во Охрид се наврнати 26 л/м2, 22 во Дебар, 19 Претор и Пожаране, 18 Берово, 17 Битола и Крушево, 14 Прилеп, 12 Струмица и Дојран, 11 Демир Капија, девет Тетово, осум Крива Паланка и Штип, шест Скопје-Зајчев Рид, четири Куманово и два Скопје-Петровец.
На Попова Шапка висината на снежната покривка утрово изнесува 46 сантиметри.
Утринската температура во целата земја била над нула. Во Крива Паланка, Тетово и Крушево се измерени нула степени,,еден во1 Скопје-Зајчев Рид, Дебар,и Куманово, два Скопје-Петровец, Штип и Берово, три Битола и Прилеп, четири Демир Капија Струмица, пет Охрид, Гевгелија, Дојран и осумстепени во Претор.
Во текот на ноќта и утрово времето е облачно, со врнежи од дожд. Утрово појава на магла има во кривопаланечкиот регион.
Во текот на денот ќе се задржи облачно со врнежи од дожд. Врнежите пообилни ќе бидат во северните и северозападните делови каде локално се очекува да наврнат и над 30 л/м2. Врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 6 степени
Ново на Сител
-
Три земјотреси во текот на ноќта во Македонија
-
Груби преку социјалните мрежи појасни дека е Косово во приватна посета
-
Синоќа полициска акција на неколку локации низ државата
-
Премиерот Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори
-
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците
-
Вучиќ: Ќе имаме разговори за санкции против НИС и со Американците и со Русите
-
Во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ
-
Утрото студено и магливо, преку денот сончево