Најмногу дожд во Куманово, Попова Шапка и Тетово
Најмногу дожд до осум часот утрово наврнал во Куманово, каде се измерени 52 литра на метар квадратен, на Попова Шапка 47 и 42 литра во Тетово.
Сспоред Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа во Пожаране наврнале 40 литри, Скопје-Петровец 34, Прилеп 33, Крушево и Скопје – Зајчев Рид 32, Маврово 26 , Виница 24, Охрид 22, Претор 18, Штип 17, Лазарополе и Ѓуриште 16, Тополчани 15, Демир Капија 11, Крива Паланка 10, Битола 8, Струмица и Гевгелија шест, Берово пет и во Дојран четири литри на метар квадратен.
УХМР за денеска најавува претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и со услови за ретка појава на град. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Скопје, претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, повремено обилни и поројни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија