Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Претор, денеска дожд, грмежи и силен ветер

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Претор со 22 литри на квадратен метар, во Охрид 17, во Тополчани 14, во Лазарополе и Прилеп 12, во Крушево 11, во Битола 10, во Штип седум, во Виница шест, во Дебар и во Маврови Анови пет литри на квадратен метар. Најмалку дожд наврна во Скопје-Петровец, Кавадарци, Велес и Пожаране, само еден литар на квадратен метар.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најстудено утрово е на Попова Шапка, пет степени, а најтопло во Демир Капија и Гевгелија, 15 степени.
Во текот на ноќта времето беше умерено до значително облачно. Од раните утрински часови на повеќе места има врнежи од дожд, кои локално во југозападниот дел од земјата беа пообилни, проследени со појава на грмежи. Дува слаб до умерен, на места засилен ветер од јужен и југозападен правец, кој во Крива Паланка надминува брзина од 45 километри на час.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа, особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30 литри на квадратен метар), грмежи и силен ветер (над 70 километри на час), локално во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне 20 степени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
