Најмногу дожд во Дебар, Охрид и Маврово
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Дебар 18 литри на квадрат, во Охрид и Маврово по 14, а во Скопје четири литри.
Најстудено, пак, со -2 степена утрово беше на Попова Шапка каде што има и снежна покривка од 13 сантиметри. Во другите места низ државава температурите се над нулата, соопшти УХМР.
Во текот на ноќта времето беше претежно облачно со врнежи од дожд. На места, особено во источните делови беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер (со брзина над 60 км/час). Утрово е променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот