Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, Тетово и Скопје

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка - 66 литри на метар квадратен, потоа во Тетово - 52, Скопје, кај Петровец - 18 и Штип и Виница по седум литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР, нагласуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Минималните измерени температури изутринава во 8:00 часот се Крива Паланка 14 степени целзиусови, Берово - 15, Скопје-Петровец, Виница и Крушево - 17, Тетово и Штип - 18, Демир Капија, Претор и Охрид - 19, Струмица - 21, Битола - 22 и Гевгелија - 23 степени целзиусови.
Времето во првата половина од ноќта во северните делови од земјава беше нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме. Утрово е сончево со мала до умерена облачност.
Денеска не очекува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време(над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. UV=6
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне 32 степена.
Ново на Сител
-

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука
-

18-годишник од тетовско најпрво истепал соселанец, а потоа го удрил со автомобил
-

ПМФЛ: Вардар со гол во судиското надополнување ја совлада Брера
-

Сиљановска-Давкова: Можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат
-

18-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Чаир
-

Работник починал по пад од висина во Скопје
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
