Најмасовниот протест на албанската опозиција заврши мирно

Со обраќањето на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, од пред партското седиште, заврши синоќешниот, десетти по ред „национален протест“ на обединетата албанска опозиција, кој е прв по локалните избори на 30 јуни, кои таа ги бојкотираше.
Баша порача дека премиерот Еди Рама „добил печат за заминување од апсолутното мнозинство на албанските граѓани“. Тој истакна дека следните денови и недели ќе ја интензивираат политичката акција за да се даде суштина на промената.
Во првото обраќање пред Владата, Баша, обединетата опозиција ја нарече „незапрлив политички ураган“, им се заблагодари на сите поддржувачи и упати апел до социјалистите.
-Сакам да им се обратам на чесните социјалисти: Вие не сте крадци, не сте криминалци, не ја оставајте партијата во рацете на крадците, одговорност е кон себе и кон Албанија, напуштете го Еди Рама. Спасете ја партијата и Вашата чест земени во заложништво од уличните криминалци, порача Баша.
И во двете обраќања тој не се откажа од условот за заминување на Еди Рама, наведувајќи дека „тоа е единствен начин да се стави крај на политичката криза“, по што, според него, ќе биде спроведена уставна и изборна реформа.
На протестот, кој според организаторот бил најмасовен досега, само од внатрешноста учествувале над 70.000 граѓани.
Пред владата учесниците симболично имаа поставено големи гласачки кутии на кои пишуваше „кутија на кражба“ во кои ставаа ливчиња со „Рама оди си“, како и макета на орел, симбол на албанското национално знаме на кое беше напишано „85%“, што, според опозицијата, е процентот на албански граѓани кои не излегле да гласаат на изборите. Освен „Рама оди си“ демонстрантите извикуваа „ја сакаме Албанија како цела Европа“ и „ја сакаме Албанија без Рама“.
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
