Најмалку тројца повредени во налет на тајфун во Јапонија
Најмалку три лица се повредени и десетица летови се откажани при налетот на тајфунот Нонмандол во Јапонија, поради што властите дадоа наредба за евакуација поради ризик од поплави и свлечишта.
Бурата прво го зафати југозападниот дел на земјата. Стихијата навлезе во регионот на градот Нагасаки со ветрови, кои достигнаа брзина од 144 километри на час, соопшти јапонската метеоролошка служба.
Откажани се најмалку 47 летови на внатрешните летови, со кои требаше да бидат пренесени речиси 3.000 патници.
Невремето го запре целиот сообраќај на островот Кјушу.
Телевијата Ен-Ејч-Кеј јави дека, најмалку три лица се повредени при идарот на тајфунот.
Нонмандол се дижи кон исток со 55 километри на час и се очекува во текот на ноќта да премине во источниот дел на Јапонија, вклучително и регионите во околината на Токио, при што постепено ќе ја намали брзината.
Властите дадо предупредување и за можна појава на бранови високи и до шест метри во регионот на островите Кјушу и Шикоку.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи