Најмалку три лица загинаа во железничка несреќа во Хрватска

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени кога се судрија патнички и товарен воз во централниот дел на Хрватска.
Судирот се случил синоќа, околу 21:30 часот по локално време, во близина на градот Новска, кој се наоѓа блиску до границата на Хрватска со Босна и Херцеговина.
– Ударот беше огромен, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој на местото на инцидентот отиде заедно со други владини претставници. Пленковиќ потврди дека на местото на инцидентот се пронајдени тела на три лица, но рече дека може да се откријат уште жртви во утринските часови, пренесе ТВ „ТРТ“.
Повредените се хоспитализирани, бидејќи некои од нив се со тешки повреди, но никој не е во животна опасност, додаде тој. Како што дознава Индекс, патничкиот воз се движел со брзина од 100 км/ч кога налетал на воз во дефект.
Возот, наводно, поминал на црвено светло пред да удри во запрен товарен воз со полна брзина. На местото на несреќата е Томислав Антун Бибер, главен истражувач за железнички несреќи од хрватската Агенција за истражување на несреќи во воздушниот, железничкиот и поморскиот транспорт.
– Очигледно е дека патничкиот воз удрил во товарниот воз, кој бил во дефект. Според некои информации, патничкиот воз не застанал на сигналот за застанување“, изјави Бибер за „ 24сата“. Истрагата ќе утврди зошто возот не застанал.
Ново на Сител
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
