Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

Најмалку три лица загинаа а уште најмалку 17 други се повредени во силна експлозија во станбена зграда во јужен кварт на Букурешт, објавија романските медиуми во петокот, повикувајќи се на службите за итни случаи.
Експлозијата зафатила два ката од осумкатницата, при што становите во горниот агол од зградата биле најоштетени. Следел пожар, според последните информации од Генералниот инспекторат за вонредни ситуации. Парчиња од зградата се откршиле по експлозијата и паднале во близина на станбениот блок.
Повеќекатна зграда во посиромашен кварт на Букурешт е во опасност од уривање, што ги зголемува стравувањата од повеќе жртви, велат медиумите.
Според властите, најверојатната причина е гасот, и покрај извештаите дека екипите на гасната компанија претходно го исклучиле гасот до зградата.
Меѓутоа, засега нема точни информации за можната причина за експлозијата, во која меѓу повредените се и две деца, од кои едно е во критична состојба.
МИА
Ново на Сител
-

Владата ја продолжи постапката за разрешување на Коцевски - каков профил на човек му е потребен на ЈО?
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски уверува додека е премиер Македонија нема да прима мигранти
-

Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
