Најмалку шест лица загинаа во торнадо во централниот дел на Ајова
Шест лица загинаа во торнадото што вчера го погоди градот Винтерсет, во американската сојмузна држава Ајова, јави дневниот весник „Des Moines Register“, цитирајќи ги локалните власти.
Торнадото во попладневните часови го погоди градот што се наоѓа југозападно од Де Мојн, главниот град на Ајова, а како што јавуваат медиумите предизвика голема штета.
Поради силното невреме повеќе од 10.500 жители на Де Мојн останаа без струја.
Националната метеоролошка служба соопшти дека торнадото било од категоријата EF3, што значи дека брзината на ветерот била до 332 километри на час. Службата на Твитер соопшти дека ситуацијата е „исклучително опасна“.
Во првичните извештаи по налетот на торнадото се збпоруваже за две жртви во Винтерсет и околните заедници. Меѓутоа, медиумите подоцна јавија дека четири деца и две возрасни лица ги загубија животите во торнадото, повикувајќи се на директорот за вонредни ситуации на округот Медисон, Диоген Ајала.
Ново на Сител
-

Пакетот закони за реформи на администрацијата и за минимална плата од 600 евра пред пратеници
-

Мицкоски: Само со дијалог може да го надминеме спорот со Бугарија
-

Македонија ќе добие вакцини БСЖ со помош на УНИЦЕФ
-

Премиерот Мицкоски очекува стапката на раст на цените да остане помеѓу најниските во регионот
-

По 11 години Охрид ќе добие затворен базен
-

Преглед на вестите од светот
-

„Подготовка за поширока ЕУ“ – Кос ги претстави петте измени во начинот на одлучување
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
