Свет
22. April 2019 - 10:56

Најмалку седум жртви во стампедо во Индија

Најмалку седум лица загинаа, а 10 се повредени во стампедо за време на церемонија во еден хиндуистички храм во јужната индиска држава Тамил Наду.

Според локалната полиција, стампедото се случило кога свештеникот почнал да фрла монети, а собраните луѓе се обиделе да ги соберат. Полициските службеници рекле дека повредените веднаш биле префрлени во најблиската болница.

Индискиот премиер Нарендра Моди и главниот министер на Тамил Наду Едапади Паланисвами изразија жалење за загубата на човечки животи во несреќата.