Најмалку петмина загинати во рударска несреќа во Иран
Најмалку петмина рудари загинаа, а уште десетици се блокирани под земја, по силната експлозија што се случи во рудник за јаглен во северниот дел на Иран.
Кон рудникот Азадшар во регионот Голестан упатени се амбулантни возила, хеликоптери и други спасувачки екипи, а иранските власти се обидуваат да го утврдат обемот на трагедијата.
- Се претпоставува дека под земја се блокирани меѓу 40 и 50 лица, наведе шефот на регионалната Дирекција за справување со кризни ситуации Садек Али Могадам.
„Прес Ти Ви“ - англискиот оддел на иранската државна телевизија јави за двајца загинати рудари, додека Ал Џезира за петмина рудари кои го изгубиле животот.
Најмалку 25 лица влегле во рудникот со цел да им укажат помош на блокираните рудари. Лицата кои досега се извадени се пренесени во болница, будејќи вдишале гас.
Претставничката на локалните власти наведе дека експлозијата се случила во 12.45 часот, по локално време.
Иранските медиуми јавија дека експлозијата се случила во момент кога работниците ја менувале работната смена.
Некои извори посочија дека станува збор за експлозија на гас.
Во рудникот Азадшар работат повеќе од 500 рудари, наведоа иранските медиуми.
Ново на Сител
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола
-
Велешката болница доби два нови апарата, за ортопедски и за уролошки интервенции
-
Приведено лице - соизвршител на кривично дело „убиство во обид“
-
Приведен кавадарчанец, со возило се движел по улицата каде се одржувал „Кавадаречки полумаратон“