Најмалку пет жртви во земјотресот на Филипините

Бројот на загинати во вчерашниот земјотрес на Филипините се зголеми на петмина со десетици повредени, соопштија локалните власати.
Јужниот дел на Филипините синоќа го погоди земјотрес со јачина од 6,3 степени кој предизвика лизгање на земјиште и пожар во трговски центар.
Силниот земјотрес околу 19:30 часот по локално време го потресе Северен Котабато и околните провинции, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.
Околу пет часот утрово, друг земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди провинцијата Давао Ориентал. Институтот соопшти дека не се работи за афтершок и засега нема пријавени штети.
Синоќешниот земјотрес ги натера луѓето да избегаат од трговските центри и зградите, а болничките пациенти беа евакуирани на улици.
Во градот Магзесеј во Давао дел Сур, каде беа оштетени повеќето куќи, двегодишно девојче починало откако додека спиело врз неа паднале разни предмети, соопштија локалните власти. Други мајка и дете загинале кога нивната куќа била затрупана во свлечиште предизвикано од земјотресот.
Локален функционер информира дека седумгодишно девојче од градот Дату Паглас во Магуинданао загинало откако врз неа се урнал ѕид. И во градот М’ланг во Котобато, еден човек починал од срцев удар како резултат од шок и бил прогласен за мртов откако бил донесен во болница.
Пожар избувна во трговски центар во Генерал Сантос Сити веднаш откако земјотресот уништил три ката, но купувачите и вработените успеале да избегаат од пожарот, соопшти цивилната одбрана.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
