Најмалку десет загинати при уривање на недозиграден надвозник во Индија

Најмалку десет лица загинаа, а десетици други се повредени, кога еден недоизграден надвозник се урна во индискиот град Калкута.
Масивната градба од бетон и челик се урнала врз улицата под надвозникот, на која имало многу возила и луѓе.
Индиските телевизиски станици пренесуваат дека бројот на жртвите може да биде поголем, затоа што надвозникот се градел во дел од Калкута кој е густо населене и минувал меѓу зградите кои речиси се надвиснувале врз него.
Инцидентот се случил во делот од градот познат како Барабазар.
Очевидци изјавиле дека веднаш по уривањето на надвозникот, луѓето од околните пазари и продавници почнале со раце да расчистуваат, за да им помогнат на затрупаните лица.
Индиски градежни експерти изјавиле за локалните медиуми, дека ова не е прв ваков инцидент, што само ги покажува ниските стандарди во градежништвото.
Надвозникот се гради уште од 2009 година и досега на неколкупати беше одложувано неговото завршување.
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
