Свет
3. May 2017 - 10:57

Најмалку четири лица загинаа во напад со автомобил-бомба во Сирија

Најмалку четири лица денеска загинаа во експлозија во градот Азаз, северна Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права.

Според органзиацијата со седиште во Лондон инцидентот се случил при напад со автомобил-бомба. 

Голем е бројот на повредени лица и се претпоставува дека ќе расте бројот на загинати.

Се уште никој не презел одговорност за нападот.

Азаз се наоѓа во близина на границата со Турција и е важна база на бунтовничките групи.