Најмалку 65 полицајци повредени во Берлин за време на протестите поради бомбардирањето на Газа
Најмалку 65 полицајци се повредени во текот на ноќта во Берлин за време на протестите поради израелското бомбардирање на Појасот Газа, соопштија германските власти.
Полицајците се „повредени од камења и запалива течност “, објави берлинската полиција на платформата Икс (Твитер), пренесе „Гардијан“.
Портпаролката на полицијата рече дека се уапсени 174 лица, вклучително и 65 кои ќе бидат под истрага.
Митингот започна доцна синоќа во Нојколн, област со голема арапска заедница.
Дневниот весник „Билд“ објави дека на платформата Телеграм биле поканети мажи да го претворат Нојколн во Газа и да запалат сè.
Кога полицијата им нареди на демонстрантите да се разотидат, на улиците беа поставени корпи за отпадоци и барикади, а врз нив беа фрлани камења и пиротехнички средства, поради што полицијата реагираше со водени топови, соопштија властите.
Ново на Сител
-
Коперникус: Јули 2024 година беше втор најтопол во историјата на мерења температури
-
САД: Косово ги загрозува можностите што помогнавме да се создадат
-
Ангелов со унгарскиот амбасадор ја посетија унгарската специјализирана противпожарна единица во Белица
-
Франција противник на Полска во финалето на машкиот одбојкарски турнир на Олимпијадата
-
Без вода делови од Карпош
-
Положување венци во спомен на загинатите бранители кај месноста Карпалак
-
Без струја делови од Гази Баба, Зелениково и Аеродром
-
Откажани концертите на Тејлор Свифт во Виена поради можен терористички напад - Главно осомничен 19 годишен со потекло од Македонија