Македонија
8. August 2024 - 8:24

Без вода делови од Карпош

Поради промена на вентил од ф 3/4 на улицата „Њуделхиска“ бр.5, општина Карпош, денеска, од 08:00 часот, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Панче Тошев“ ,„Наум Евро“, „Римска“ и „Анкарска“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.