Македонија
16. March 2025 - 9:20

Најмалку 51 жртви во пожар во дискотека во Кочани

 Најмалку 51 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.

Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа нна местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.