Најмалку 5.000 жени починаа при семејно насилство во Русија во 2018 година
Во Русија најмалку 5.000 жени починале при семејно насилство во 2018 година, покажуваат резултатите од студијата на експерти од Конзорциумот на женски невладини организации. Тоа е 20 пати повеќе од податоците на полицијата, објави Би Би Си.
Речиси две третини (61 отсто) од жените убиени во Русија во 2018 година, биле жртви на партнери или роднини, тврдат активистите за заштита на човековите права.
Авторите на студијата забележуваат дека тоа е соодветно на просечното глобално ниво на семејно насилство според податоците на ОН (58%).
Истовремено, според статистичките податоци на руското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година починале само 253 жени (околу три отсто) како резултат на семејни и домашни конфликти.
Според Росстат, во 2018 година се убиени вкупно 8.300 жени.
Активистите за човекови права тврадт дека жртви на семејно насилство се 18,8 отсто од вкупниот број убиени мажи и жени. Според Министерството за внатрешни работи, станува збор за 1,2 процента.
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години