Најмалку 50 загинати во напади врз две џамии во Авганистан
Најмалку 50 лица загинаа денеска при напади врз две џамии во Авганистан, соопштија авганистански безбедносни извори.
Во првиот напад, најмалку 30 лица загинаа, а околу 45 се ранети, кога бомбаш самоубиец се саморазнесе во шиитска џамија во авганистанскиот главен град Кабул.
Напаѓачот упаднал во џамијата „Имам Заман“ во западниот кабулски кварт Дашт-е-Барши и ја активирал експлозивната направа што ја носел на себе меѓу шиитските верници собрани за молитва.
Неименувани безбедносни извори за ДПА изјавиле дека се стравува оти конечниот биланс на жртвите при овој напад би можел да се искачи на меѓу 70 и 80 загинати.
Според непотврдени информации, пред експлозијата напаѓачот отворил оган кон присутните.
Вториот напад беше извршен пред сунитска џамија во местото Хевиаган во централната авганистанска провинција Гор. Според безбедносни извори, при нападот загинале најмалку 20 лица, но очевидци тврдат дека при експлозијата животите ги загубиле над 30 луѓе.
Претставник на локалните власти соопшти дека во време на нападот во џамијата се наоѓал командантот на авганистанските сили во регионот, кои се борат против талибанските бунтовници.
Досега никој не презеде одговорност за двата напади,
Авганистанското шиитско население годинава беше цел на неколку напади. Досега годинава, во верски мотивирани напади загинаа најмалку 84 лица, а 194 беа ранети. Повеќето од нив се убиени за време на молитви во џамии и на верски церемонии.
Околу 90 проценти од жителите на Авганистан се сунити, а околу 10 отсто се шиити.
Ново на Сител
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда