-->
-->
Најмалку 31 жртва во земјотресот на Папуа Нова Гвинеја
-->
Бројот на загинати во земјотресот на Папуа Нова Гвинеја се зголеми на 31 жртва, а властите соопштија дека оваа бројка најверојатно ќе се зголеми.
Земјотрес со интензитет од 7,6 степени според Рихтеровата скала во понеделникот го погоди централниот дел на Папуа Нова Гвинеја. Од земјотресот беа погодени провинциите Јужни Височини и Хела во центарот на најголемиот остров на тихоокеанската држава.
- Епицентарот на земјотресот бил на 560 километри од главниот град на Папуа Нова Гвинеја, Порт Морсби, на длабочина од 35 километри, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
После првиот потрес следувале уште десет послаби, а некои села се целосно уништени.
-->
-->
-->