Најмалку 31 лице загина во синоќешниот напад во Могадишу
Најмалку 31 лица загина, а 40 се повредени во нападот врз популарен ресторан во Могадишу, што го извршија припадници на екстремистичката група Ал Шабаб.
Сомалиската полиција наведе дека се убиени сите петмина напаѓачи - припадници на терористичката група, а повеќето од цивилните жртви се убиени од непосредна близина.
- Мислев дека никогаш веќе нема да видам сонце. Ги убиваа сите што го гледаа. Преживеав бидејќи се криев под една долга маса, наведе преживеана жена, што беше сведок на настанот.
Ал Шабаб ја презеде одговорноста веднаш по почетокот на нападот.
Синоќешниот напад почна со експлозија на автомобил-бомба, што го урна покривот на расторанот и околните згради.
Напаѓачите го прекинаа дотокот на електрична енергија, со што било отежнато спасувањето.
Се наведува дека многу од жртвите биле млади лица, кои работеле во ресторанот. Голем број од повредените се хоспотализирани.
Опсадата на ресторанот траеше цела ноќ.
Група вооружени војници ја обиколија зградата, додека други влегоа во приземјето на ресторанот.
Претставникот на сомалиската полиција, Мохамед Хусеин, наведе дека сите петмина напаѓачи се убиени и дека војниците утринава ја обезбедија зградата.
Според првичните извештаи, екстремистите во ресторанот држеле најмалку 20 заложници.
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час