Најмалку 20 од загинатите се од Студеничани, меѓу нив наставничка со својата малолетна ќерка, матичар...
Меѓу 46-те жртви во пожарот кој го зафати автобусот на автопатот Стума во Бугарија, најмалку 20, а можеби и повеќе се од територијата на Општина Студеничани, каде денеска владее неизмерна тага и болка, пренесува „Слободен печат“.
Според неофицијални информации над 20 и повеќе лица од загинатите се од територијата на општина Студеничани. Жалосно, немаме зборови да ја опишеме оваа трагедија, без разлика што дел од жртвите се од Студеничани, вели Нухиу.
Тој потврди дека меѓу загинатите е учителка од Основното училиште Наим Фрашери заедно со својата малолетна ќерка, а Општината во несреќата го загуби и матичарот, вработен во Управата за водење матични книги при Подрачната единица на Министерството за правда, кој на екскурзија во Истанбул патувал со својата сопруга.
Дел од роднините на загинатите се упатија кон местото на несреќата во Бугарија, додека другите се пред просториите на агенцијата. Очекуваме информации од надлежните за целиот случај, изјави Нухиу.
Ново на Сител
-
ДКСК: Нема основа за постапување против директорот на АНБ, Бојан Христовски
-
Отстранети неколку диви депонии во Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром
-
ЦУ: Спречен шверц на злато, лекови и фотоапарати
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
-
Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ
-
Безбедна водата за пиење во Скопје