Најмалку 18 лица загинати, а 30 повредени при терористички напади во североисточна Нигерија
Најмалку 18 лица се убиени, а 30 се повредени при терористички напади во североисточната нигериска држава Борно, соопшти локалната служба за итни случаи.
Од пред 15 години, Борно е подложен на напади од исламистички групи кои убија илјадници локални жители и принудија милиони да ги напуштат своите домови.
Иако нигериската армија успеа да го ограничи капацитетот на исламистичките борци, тие сè уште извршуваат смртоносни напади врз цивили и напаѓаат припадници на безбедносните сили.
Баркиндо Саду, раководител на Агенцијата за управување со итни случаи во државата Борно, изјави дека вчера имало три одделни напади во градот Гвоза.
Напаѓачи-самоубијци нападнале учесници на свадбена церемонија, луѓе собрани на погреб, како и болница во градот Гвоза.
Саду посочи дека засега е потврдена смртта на 18 лица, меѓу кои две деца и бремена жена, а повредени се најмалку 30 лица.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападите, но најактивни терористички групи во Борно се „Боко Харам” и “Исламска држава – провинција Западна Африка”.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место