-->
-->
Најмалку 16 повредени при земјотресот во Индонезија
-->
Најмалку 16 лица се повредени, а 64 куќи се оштетени при земјотресот со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди западниот дел од индонезискиот остров Суматра, јави ДПА.
Портпаролот на индонезиската Национална агенција за справување со елементарни непогоди, Сутопо Нугрохо соопшти дека две лица биле повредени во Паданг, главниот град на провинцијата Западна Суматра, од како врз нив се урнале делови од нивната куќа.
- Повредени и материјални штети се пријавени и во областа Мукомоко во провинцијата Бенгкулу и во Песисир, рече тој.
Нугрохо нагласи дека штети од земјотресот има на голема површина, но дека дождовите го отежнуваат собирањето податоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата