Најмалку 14 лица загинаа во терористички напад во Могадишу
Исламисти нападнаа хотел и познатата плажа Лидо во сомалиската престолнина Могадишу, убивајќи најмалку четиринаесет лица и повредувајќи над триесет, пренесе ДПА, повикувајќи се на портпарол на полицијата.
Бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи борбите помеѓу локалните сили и напаѓачите продолжуваат, додава агенцијата.
Потресни сцени беа споделени на социјалните мрежи, забележува ДПА. На видеата се гледаат луѓе како бегаат по плажата, обземени од ужас, додека одекнуваат истрели.
Спасувачките екипи не можат да стигнат до сите повредени поради продолжувањето на пукањето. Освен огнено оружје, се слушаат и експлозии.
Плажата Лидо е популарна дестинација за жителите на Могадишу за време на викендите. На пукањето му претходел самоубиствен напад на исламист, пренесе ДПА, повикувајќи се на податоци од полицијата.
Исламистичката терористичка група „Ал Шабаб“ ја презеде одговорноста за нападот преку изјава на своето радио, додава агенцијата.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола