-->
-->
Најмалку 14 цивили загинаа при воздушни напади во Алепо
-->

Најмалку 14 цивили загинаа при напад на сириските владини сили врз болница и станбена зграда во градот Алепо, соопштија припадниците на цивилната одбрана во градот.
Тие истакнаа дека во воздушните напади врз болницата Ал Кудс и зграда во близина во квартот Сукари загинаа најмалку 14 луѓе.
Сириската опсерваторија за човекови права потврди дека нападите биле изведени од „авиони на режимот“ и оти меѓу жртвите се и еден лекар и двајца чувари на болницата.
Организацијата со седиште во Алепо наведе дека вчера се убиени уште 11 лица во западните делови на градот.
За нападите државната сириска агенција САНА го обвини Ал Нусра фронтот, група поврзана со Ал Каеда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Српски служби во случајот Груби
-

Кочани на достоинствен начин ќе ја одбележи годишнината од трагедијата во „Пулс“
-

Во Центарот за нега при Црвениот крст има десетина негуватели и 15-тина лични асистенти
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
