Најмалку 13 жртви во самоубиствен напад во Авганистан
Најмалку 13 лица загинаа, а околу 120 се повредени во самоубиствен напад во провинцијата Гор во западен Авганистан.
Шефот на болницата во Гор, Мохамед Омер Лалзад, изјави дека лекарите од брзата помош ги санираат повредите на неколку десетици повредени лица, и со полесни и со тешки телесни повреди опасни по живот, така што конечниот број на жртви може да се очекува да биде поголем.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аран изјави дека експлодирал автомобил-бомба недалеку од канцеларијата на началникот на регионалната полиција и зградите на федералната влада.
Досега никој не ја презеде одговорноста за овој самоубиствен напад кој се случува додека траат директните мировни разговори во Катар меѓу владините претставници во Кабул и Талибанците, што треба да резултираат со мировен договор по повеќе децении граѓанска војна.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково