Свет
18. October 2020 - 14:44

Најмалку 13 жртви во самоубиствен напад во Авганистан

Најмалку 13 лица загинаа, а околу 120 се повредени во самоубиствен напад во провинцијата Гор во западен Авганистан.

Шефот на болницата во Гор, Мохамед Омер Лалзад, изјави дека лекарите од брзата помош ги санираат повредите на неколку десетици повредени лица, и со полесни и со тешки телесни повреди опасни по живот, така што конечниот број на жртви може да се очекува да биде поголем.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аран изјави дека експлодирал автомобил-бомба недалеку од канцеларијата на началникот на регионалната полиција и зградите на федералната влада.

Досега никој не ја презеде одговорноста за овој самоубиствен напад кој се случува додека траат директните мировни разговори во Катар меѓу владините претставници во Кабул и Талибанците, што треба да резултираат со мировен договор по повеќе децении граѓанска војна.