Најмалку 12 лица загинаа во пожар на траект на Филипините , седум се водат за исчезнати
Најмалку 12 лица погинаа, а седум се уште се водат за исчезнати, откако се запали траект со 250 патници и членови на екипажот, изјави денеска гувернерот на провинцијата Базилан, на Филипините, пренесоа американските медиуми.
-Многумина од патниците што се спасиле избегале со скокање од траектот во паниката предизвикана од силината на пожарот и потоа биле извлечени од крајбрежната стража, воената морнарицата, друг траект и локален рибар, изјави гувернерот Џим Хатаман.
Гувернерот додаде дека повеќето од луѓето на треаектот „МВ лејди Мери Џој 3“ биле спасени во текот на ноќта, но властите дополнително ги проверуваат информациите од различни извори, што укажува дека бројките може да бидат различни.
-Меѓу загинатите има и три деца, кои најверојатно се одвоиле од нивните родители, а најмалку 23 патници се повредени и пренесени во болници, додаде гувернерот.
Повеќето од жртвите се удавиле, а подоцна биле пронајдени во морето, соопштија официјални лица.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска