-->
-->
Најмалку 10 загинати во самоубиствен напад
-->
Најмалку 10 припадници на либиските владини сили загинаа, а 20 други се ранети денеска при самоубиствен бомбашки напад во градот Сирт, кој до неодамна важеше за главно упориште на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Либија, јави ДПА.
Одговорност за терористичкиот чин презеде ИД, која соопшти дека нападот го извршиле нејзини припадници кои активирале автомобил-бомба во близина на група припадници на силите лојални на либиската Влада.
Нападот доаѓа во време кога владините сили ја привршуваат тримесечната офанзива за потиснување на борците на ИД од Сирт.
Во меѓу либиските власти соопштија дека во „специјална операција“ на владините сили во предградите на Сирт, кое се уште е под контрола на ИД, биле ликвидирани тројца џихадисти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија
-
Детска Клиника преполна со болни деца од респираторни инфекции
-
Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети
-
Електронски ќе се вади уверение за остварен доход
-
Почнуваат карневалските денови
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања