Најмалку 10 загинати во нападот врз авганистанската државна телевизија, повредини 18 лица
Најмалку десет лица загинаа, а 18 се повредени во денешните напади врз зградата на авганистанската државна телевизија и радио станица во Џалалабад, во истичниот дел на земјата.
Според портпаролот на болницата во Нангархар, Инамлах Миахил, меѓу загинатите има четворица вработени во телевизијата и двајца полицајци.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Наџиб Даниш, изјави дека четворицата напаѓачи се убиени во текот на нападот, што почнал со експлозија, а продолжил со судири со авганистанските сили за безбедност.
Одговорноста за денешниот напад врз зградата на авганистанската државна телевизја ја презеде Исламска држава.
Вооружените напаѓачи упаднале во зградата на авганистанската државна телевизија и радио станица, а во текот на судирите со обезбедувањето, две лица се разнеле, соопштија официјални лица.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки