Свет
12. July 2015 - 17:54

Најмалку 10 убиени во експлозија на бомба во Авганистан

Најмалку 10 цивили загинаа, а шестмина се повредени од бомба поставена на пат во североисточниот дел на Авганистан, јави ДПА, повикувајќи се на локални полициски претставници. 

Според Абдул Карим Фаик, шеф на полицијата во провинцијата Каписа, жртвите патувале со автомобил и наишол на крајпатна бомба во областа Тагаб. 

Повредените се итно пренесни во околните болници.