Најмалку 10 отсто од лицата осудени на смрт во САД се воени ветерани
Најмалку 10 проценти од лицата осудени на смрт во САД се ветерани од различните војни, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на денеска објавениот извештај на американскиот Центар за информации за смртната казна.
Околу 300 американски воени ветерани чекаат извршување на смртната казна, се посочува во извештајот. Меѓу нив е и Роберт Фишер, кој во 1967 година бил ранет во Виетнамската војна. На болничкиот кревет тој бил одликуван со медал „Пурпурно срце“ од тогашниот претседател Линдон Џонсон. Неколку години подоцна Фишер ја убил својата пријателка, откако дошло до влошување на неговата психичка состојба.
Според извештајот на американскиот Центар, над 800.000 поранешни ветерани од Виетнам пројавиле знаци на посттревматски стрес. Над 300.000 ветерани од војните во Ирак и Авганистан, исто така, страдаат од таков стрес, се дополнува во извештајот.
Темата за тешкотиите со кои се судруваат ветераните од војните при адаптацијата на вообичаениот живот, стана актуелна со филмот на Клинт Иствуд „Американски снајперист“.
Еден од најпотресните случаи на ветераните кои се претвориле во убијци, е оној на Џон Алан Мухамад. Ветеран од војната во Заливот, тој е осуден на смрт за десет убиства кои ја потресоа Америка. Жртвите ги одбирал по случаен избор и со тоа го стекнал прекарот „Снајперистот од Вашингтон“. Мухамад бил егзекутиран во 2009 година.
Според експертот Лорен Џенкинс статистичките податоци за поранешните војници, кои страдаат од посттревматски стрес, покажуваат дека алкохолот, злоупотребата со лекови и другите психолошки проблеми можат да ги поттикнат да извршат насилство.
Ново на Сител
-
Танкер со нафта се запали во Северното море откако се судрил со товарен брод
-
Песков: Америка сака да види дека Киев сака мир за време на разговорите со Украина во Ријад
-
Поради сообраќајка на магистралниот пат Битола-Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат
-
Камбовски: Набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд
-
Oд метастазиран рак до без рак за неколку месеци
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1