Најмалку 10 лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа
Најмалку 10 лица загинаа, а десетици се ранети во израелските напади врз Појасот Газа извршени доцна синоќа, соопштија локални медицински лица.
Пет лица загинаа, а 20 се повредени во израелски воздушен напад врз станбен објект во населбата Зејтун во градот Газа, соопштија медицинските лица.
Во друг напад, пет новинари беа убиени кога нивното комбе беше погодено во областа на болницата Ал Авда. Новинарите работеа за телевизијата Ал Кудс Ал Јум, поврзана со Хамас.
Палестинските медиуми и локални известувачи рекоа дека комбето имало ознаки за медиумско превозно средство и го користеле новинари кои ја покриваат ситуацијата во болницата и бегалскиот камп Нусејрат.
Палестинската исламистичка група Хамас и Израел вчера разменија обвинувања за неуспехот на напорите да се постигне договор за прекин на огнот и покрај напредокот постигнат во изминатите денови.
Ново на Сител
-
ЕУ внимателно го следи случајот со истрагата и апсењето на градоначалникот на Тирана, соопшти портпарол на Еврокомисијата
-
Мисајловски: Во НАТО имаме нов контекст насочен кон преговори за мир во Украина
-
Андоновска: Има висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица
-
Кипарската Влада одобри жените доброволно да служат војска
-
Избран нов претседател на Партија на Власите од Македонија
-
Тензично во албанскиот Парламент, седницата прекината
-
Вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град по барање на ОЈО
-
Филипче: Најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб