Најлошата сезона на Манчестер Јунајтед во историјата на Премиер лигата
Веќе не е важно што прави Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, ова ќе биде нивната најлоша сезона во историјата на Премиер лигата.
По поразот на гости кај Њукасл во неделата вечерта (4:1), Јунајтед падна на 14. место на табелата, па дури и да забележи шест победи во преостанатите шест натпревари, тоа ќе биде најлошиот учинок на клубот во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ можат да ја завршат сезоната со максимални 56 бода, два бода помалку од претходниот негативен рекорд на клубот (сезона 2021/22).
На Јунајтед му преостануваат уште натпревари против Вулверхемптон, Бурнемаут, Брентфорд, Вест Хем, Челси и Астон Вила.
Оваа сезона не само што ќе биде најлоша по бројот на освоени бодови, туку веројатно и по конечниот пласман. Во нивните десет најлоши сезони во Премиер лигата, Јунајтед никогаш не завршил пониско од осмото место.
Поразот од Њукасл беше 115-ти од 2013 година и заминувањето на Алекс Фергусон. За 26 години додека Фергусон раководеше со тимот, Јунајтед претрпе 114 првенствени порази.
Ново на Сител
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група