Најголемите македонски партии викендов ќе ги промовираат кандидатските листи за пратеници
Најголемите македонски партии викендов ќе ги промовираат кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе ги промовира кандидатите за пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, а според најавите, СДСМ утре ќе ги промовира листите за пратеници на Коалицијата за европска иднина.
Во пресрет на претседателските и парламентарните избори, веќе се искристализирани пет коалиции и две партии кои ќе одат самостојно. На помалку од една недела до официјалниот почеток на изборната кампања дефинирани се коалицииите - „Коалиција за европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, коалицијата „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и коалицијата „ВРЕДИ“ на албанската опозиција. Самостојно на изборите, според досегашните најави, одат ЗНАМ - За наша Македонија и партијата „Левица“.
Учесниците на изборите до 2 април треба да ги достават кандидатските листи за пратеници до Државната изборна комисија. Парламентарните избори се закажани за 8 мај, а следната недела на 4 април почнува и изборната кампања за седмите претседателски избори за кои во првиот круг ќе се гласа на 24 април.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом