Најглупавите прашања кои на Запад им се поставуваат на Балканците
Во светот има многу луѓе кои слушнале за Балканот или за некогашна Југославија, но повеќето од нив не знаат ниту каде се наоѓаат тие, а камоли кои држави се формирани по распадот на СФРЈ.
Порталот „no-yolo.com“ ги замоли младите од земјите на поранешната Југославија да ги напишат најглупавите прашања кои ги слушнале од кога некому кажале од каде доаѓаат.
На порталот се наведени различни прашања, од тоа дали во Хрватска постои факултет, до дали знаат во Албанија што е „Нутела“.
- Воодушевен сум од Балканот, посебно од неговата богата убавина, наверојатната пост-панк музика и огромната разноликост во регионите. За нас кои сме во доцните дваесети и раните триесети, Балканот претставува место на кое пораснавме, за кое слушавме во вечерните вести, но никогаш целосно не разбравме. Секогаш би ги слушале познатите зборови како „Туѓман“, „Дејтон“ и „Стоичков“, напиша авторот на сторијата Сјаран Микеладзе.
Тој додава дека луѓето од Западот често не знаат доволно за случувањата на Балканот, па поставуваат „глупави прашања“ и имаат погрешна претсатва за регионот.
Иако е во ред да бидеш љубопитен, кој и да каже дека нема глупави прашања, излажал! Ова се некои од прашањата кој ги поставуваат луѓето од Западот, а кои веќе им се здодеани на луѓето од Балканот:
- Зарем не е Словенија аргентинско јадење?
- Значи, зборуваш на сибирски?
- Постојат ли големи згради во Македонија?
- Постојат ли универзитети во Хрватска?
- Значи, војната заврши, зарем не?
- Дали се уште сте комунисти?
- Имали ли „Нутела“ во Албанија?
- Кога ќе излезете од Советскиот Сојуз?
Ново на Сител
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари
-
Контролирани пожари - Можат ли да помогнат со справувањето на шумските пожари
-
Модерното време штетно влијае на правилен раст и развој
-
Преглед на вестите од светот