Џет-Сет
2. February 2016 - 20:22

Најгледаната ТВ серија на Сител крие убава љубовна приказна

Турската серија која се прикажува на ТВ Сител, „Дамата со марама“ е вистински хит во Македонија. Интересно е што оваа серија е снимена во 2011 година и за време на снимањето се родила љубовта меѓу Туба Бујукустун или позната како Хасрет и Онур Сајлак познат како Левент. Тие се запознале токму на снимањето на оваа серија, се родила голема љубов помеѓу нив двајца и по завршувањето на снимањата, парот веднаш се венчал. Свадбената церемонија ја направиле во Париз, далеку од очите на јавноста. Двојката живее среќно и има  две близначки Топрак и Маја.