Најевтин орален секс на неколку километри од главниот град

Растот на невработеноста води кон тоа да се зголеми понудата на платени сексуални услуги. Култот на потрошувачкото општество многу поттикнува на проституција, а посебно е загрижувачко тоа што со најстариот занает се занимаваат деца, ученици и студенти, а просечната возраст сега е меѓу 14 и 18 години.
На младите муштерии сексуалната услуга им се наплатува по повисока тарифа, а на постарите со пониска, додека за специјалните желби на муштериите се наплатува посебно.

На територијата на Крагуевац секој ден со улична проституција се занимаваат 20 жени, а според полициската евиденција, меѓу нив има и заразени со хепатитис и сида. Тие работат главно на потегот меѓу спортската сала „Језеро“ и „Метро“.
Макроа често им се членови на семејството на тие девојки и жени, кои будно внимаваат работата со муштериите да не тргне наопаку. Кога станува збор за изборот на локации, на фантазијата и изненадувањата им нема крај.
Своите услуги ги продаваат за 500 до 2.500 динари, а многу често се случува и муштеријата да не плати. Износот зависи од услугите кои ги пружаат. Тарифата за комплет услуга е 2.500 динари. Дневно заработуваат и до 15.000 динари.
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
-

Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните
-

Дваесет и две земји-членки на ЕУ бараат итна и координирана реакција на мигрантската криза во Сеута
-

МЗ: Нема нови случаи на западно-нилска треска
