-->
-->
„Најдов тартуф и го продадов за 1860 евра - знам каде растат уште два и планирам...“
-->

Сезона е на печурки. После обилните врнежи од дожд и топли денови, почна бербата на печурки. Во североисточниот дел на Босна, местата не се ниту планински, ниту рамни, суви ридови покриени со многу печурки.
Еден од луѓето кои веќе над 40 години се занимаваат со берење печурки е Ашир Прњаворац, кој се населил во Горња Лохиња. Тој го знае секое место каде растат печурки кои се јадат, ги бере а потоа ги продава на пазар.
Но, Ашир знае што е тартуф, меѓу печурките познат како црн дијамант. Еден веќе нашол на ова подрачје минатата година и го продал во Словенија.
Сепак останува тајна на кого му го продал тартуфот за 1860 евра.
- Во моментов знам каде растат уште два од истиот вид, имам намера да ги оберам октомври или ноември, - изјавил Прњаворац.
На прашањето дали може да се живее од оваа работа, тој кратко одговорил:
- Нозете ни „паѓаат“. Мала пензија, не просиме ниту пак крадеме ние мора некако да се снаоѓаме.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
-
Судењето против таткото на Васил Јованов одложено, обвинителниот предлог изменет
-
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
-
Годишeн извештај: Обвинителствата во 2024 постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела
-
Претрес во Пробиштип, приведени две лица, пронајдени дрога и куршуми
-
Претседателката Сиљановска-Давкова учествува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Исланд најбезбедна, Македонија 51-ва најбезбедна држава во светот
-
Комитетот за надворешни работи на ЕП го усвои извештајот на Извештајот на Вајц за земјава