-->
-->
Најдобрата петорка на Евробаскетот
-->

Горан Драгиќ репрезентативецот на новиот европски шампион во кошарка, Словенија, ја предводи најдобрата петорка на 40.Евробаскет кој во неделата заврши во Истанбул.
Плејмејкерот на Мајами Хит одигра брилијантен турнир, а импресивен беше неговиот настап во првото полувреме во финалето против Србија, кога постигна 26 од 35 поени, а словенија ја направи клучната разлика.
Драгиќ заслужено го освои МВП признанието, бидејќи со преосечни 23 поени овозможи Словенија без пораз да стигне до европската титула.
Покрај словенецот во идеалната петорка на првенството се најдоа уште и неговиот соиграч Лука Дончиќ, Шпанецот Пау Гасол, најдобриот српски играч Богдан Богдановиќ и најдобриот стрелец на трнирот Алексеј Швед од Русија.
Швед, играч на руски Химки е првиот играч уште од 1999 година, кој игра во Европа и стана најдобар стрелец на Европаскетот.
Од 1999 година до ова Европско првенство најдобри стрелци биле играчи кои играат во НБА лигата: Дирк Новицки, Пау Гасол, Тони Паркер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
